Свет Европа Јункер: Турците ќе патуваат без визи во ЕУ само ако Анкара ги...

Јункер: Турците ќе патуваат без визи во ЕУ само ако Анкара ги исполни сите услови

Граѓаните на Турција од октомври ќе можат без визи да патуваат во Европската Унија само доколку Анката ги исполни сите услови, меѓу кои е и реформата на антитерористичките закони, изјави вчера на европскиот форум во Алпбах во Австрија, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Прашањето за безвизните патувања, што е директно поврзано со спогодбата за решавање на прашањето на бегалците, може да биде применето од 1 октомври само доколку сите услови бидат задоволени – рече Јункер, додавајќи дека антитерористичките закони не можат да се користат за затворање интелектуалци, научници и новинари.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, претходно се закани дека официјална Анкара може да престане да помага во запирањето на бранот бегалци и мигранти кон Европа доколку ЕУ не ги ублажи прописите за патувања на Турците.