Свет Балкан Јункер: Голема е опасноста да пропадне договорот меѓу ЕУ и Турција

Јункер: Голема е опасноста да пропадне договорот меѓу ЕУ и Турција

Постои голем ризик договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на бегалскиот бран кон Западна Европа да не успее, оцени претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Опасноста е голема. Успехот на договорот досега е слаб. Претседателот Реџеп Таип Ердоган веќе неколкупати истакна дека би сакал да го преразгледа – истакна Јункер, додавајќи дека ако тоа се случи, може да се очекува мигрантите повторно да тргнат кон Европа.

Договорот меѓу Турција и ЕУ го ограничи приливот на бегалци и на мигранти кон западноевропските земји, но по пропаднатиот обид за воен удар, извршен на 15 јули, Ердоган неколкупати изјави дека ЕУ не си ги исполнува своите обврски, особено околу финансиската помош и оти можно е договорот повторно да биде ставен на разгледување.