Свет Европа Јункeр: „Брексит“ би имал несогледливи последици

Јункeр: „Брексит“ би имал несогледливи последици

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би нанело „несогледливи последици“ на европската соработка, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункeр.

– „Брексит“ со сигурност би ѝ нанел несогледливи последици на европската соработка, за што апсолутно не сакам да шпекулирам, бидејќи сум уверен дека Британците ќе донесат разумна одлука – нагласи Јункер во интервју за германската медиумска група „Функе медијенгрупе“.

Британците на 23 јуни, на референдум, треба да се изјаснат дали се за останување во ЕУ или за напуштање. Според последните анкети, граѓани во голема мера се неодлучни по тоа прашање.

– Сите Европејци сакаат Велика Британија да остане во семејството – рече Јункер, притоа потсетувајќи дека Брисел и Лондон постигнале „фер договор“ за реформи кои треба да придонесат за задржување на Британија во блокот.