Дописници Југоносталгично дефиле во Кочани по повод некогашниот празник

Југоносталгично дефиле во Кочани по повод некогашниот празник

Со знамиња со познатата црвена петокрака на југословенската федерација, низ Кочани помина колона автомобили, како дел од одбележувањето на 29 ноември, некогашниот ден на републиката.

Кочани останува верен на југословенството, иако федерацијата одамна се распадна. На 72. роденден на СФР Југославија, припадниците на здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ се собраа пред седиштето на организацијата, каде ја интонираа југословенската химна „Хеј Словени“. Потоа продолжија со дефилето по улиците, по што следуваше свечен ручек.

Еден од најревносните почитувачи на некогашната федерација и на делото на претседателот Јосип Броз Тито е полицаецот во пензија, Ѓорѓи Николов, кој денеска ја облече униформата на маршалот. Тој во својата куќа има спомен-соба со предмети, фотографии, сувенири, книги и друга иконографија од времето на поранешна Југославија.

Пред неговиот дом постојано се вее југословенската тробојка, а на ѕидовите се исцртани грбот со факелите и задолжителната слика на Јосип Броз Тито.

Николов не го заборава ниту 25 мај, роденденот на Тито, а во една пригода организираше манифестација „Штафета на младоста“.

В.К.