Дописници Јубилејно 55. издание на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“

Јубилејно 55. издание на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“

Денеска во Охрид, со правата прес-конференција годинава, официјално беа промовирани новите простории на Дирекцијата, но и програмата за претстојното, годинава –  јубилејно, 55. издание на музичко-сценскиот меѓународен фестивал „Охридско лето“.

Во традиционалниот термин на 12 јули, Петровден, фестивалот ќе биде свечено отворен со музичко-сценскиот спектакал „Кармина Бурана“ на Карл Орф, во изведба на светски познатиот ансамбал од Шпанија „Ла фура делс Баус“. Режисер на ова дело е Карлус Падриза од Шпанија, а на сцената ќе настапат актерката Лука Еспиноза и споранот Хозе Мануел Диаз, исто така од Шпанија.

Во музичката изведба на овој спектакл ќе се вклучат Оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија под диригентската палка на Василиј Корошев од Русија и на Јозеф Винсет од Шпанија.

Програмата на јубилејното 55. издание ќе има повеќе од 30 музички настани, како 14 театарски претстави, меѓу кои и  премиерата на претставата „Плеј Пинтер“ на Народен театар од Хрватска, во режија на Нела Витошевиќ.

Во придружните манифсестации на фестивалот, ќе се одржат седум изложби и многу други културни активности.