Дописници Јубилејни десетти „Лесновски ѕвона“ во Кратово

Јубилејни десетти „Лесновски ѕвона“ во Кратово

Во Кратово се одржа јубилејната, десетта по ред, поетска манифестација „Лесновските ѕвона“, посветена на прерано починатиот автор Чедо Јакимовски, еден од најзначајните македонски поети во 20 век.

На манифестацијата учествуваа дваесетина македонски поети.

Беседа за Јакимовски одржа неговиот колега Ристо Лазаров, кој го вброи меѓу великаните на македонската поезија, редок творец опседнат со совршенството на песната.

Сеќавања за еден дел од животот на Јакимовски изнесе и професорот и амбасадор, Владимир Петковски.

Со свои стихови настапија и поетите Михаил Ренџов, Гордана Михаилова Бошњаковска, Ристо Лазаров, Милован Стефановски, Благоја Самоников, Ирена Јурчева, Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Горан Анчевски, Драгана Велковска и Иван Јовановски.

Поетско читање се одржа и во Лесновскиот манастир, за кого Чедо Јакимовски ја има напишано својата антологиска и легендарна песна „Лесновските ѕвона“.

Се одржа и ликовна работилница „Цвеќе на мирот“ на сликарот Живко А. Поповски – Цветин.