Македонија Јубилејна десетта Меѓународна конференција „Е-општество.мк“

Јубилејна десетта Меѓународна конференција „Е-општество.мк“

Утре во просториите на „Сити хол“, во Скопје, Македонија, со почеток во 10 часот ќе се одржи јубилејната десетта Меѓународна конференција „Е-општество.мк“, која годинава ќе биде на темата: „Човекови права на интернет – Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“.

Настанот ќе го отвори Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Република Македонија, а воведни говори ќе имаат и Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лирим Шабани, министер за локална самоуправа, Робин Лидл, министер-советник на делегација на Европска Унија, Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, Катрин-Амели Шасан, генерална секретарка на Меѓународниот институт за човекови права и мир, и Бардил Јашари, директор на Фондација „Метамофозис“.

Настанот ќе опфати теми како што се слобода на изразување и млади, говор на омраза на интернет, приватност, како и заклучоци и препораки за идни чекори.

Конференцијата се спроведува во рамки на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и претставува продолжување на долгогодишната соработка на Фондација „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија во областа на човековите права.