Македонија ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

ЈСП вклучи повеќе автобуси на поголем дел од линиите во јавниот превоз

Фото: Арбнора Мемети

ЈСП информира дека од денеска, 6 октомври на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред.

„Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Линиите 9, 19, 20 и 23, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати,“ се вели во соопштението.

Прегледот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.