Македонија ЈСП го објави возниот ред на автобусите за новогодишните празници

ЈСП го објави возниот ред на автобусите за новогодишните празници

Фото: Архива на Мета.мк

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) соопшти дека в сабота, 31 декември, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а в недела, првиот ден на новата година, ќе возат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

В понеделник ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.

Од вторник, 3 јануари 2023 година, автобусите на градско-приградските линии ќе сообраќаат по редуциран делничен зимен ред, поради училишниот зимски распуст.

В сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, а на 1 и 2 јануари нема да работат.

Жичницата на Водно в сабота и в недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот. В понеделник нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, се врши редовен преглед на објектот.

Првите термини на тргнување на автобусите в недела може да ги видите тука.