Македонија ЈСП апелира граѓаните прописно да паркираат на Водно, за автобусите да можат...

ЈСП апелира граѓаните прописно да паркираат на Водно, за автобусите да можат да возат

Во пресрет на претстојниот викенд, од ЈСП апелираат граѓаните кои планираат да го посетат Водно со автомобили, да се паркираат прописно на обележаните паркинг-места, за автобусите непречено да возат до крајната станица на Средно Водно.

„Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализираа. Како би ги избегнале овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен“, се вели во соопштението на ЈСП.

Од таму потсетуваат дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викенди и државни празници.