Македонија JП Лајка стерилизирало 111 кучиња во ноември

JП Лајка стерилизирало 111 кучиња во ноември

Фото: Wikimedia Commons

Јавното претпријатие (ЈП) Лајка, кое е задолжено за проблемот со бездмните животни во Скопје соопшти дека продолжиле да си ги вршат обврските, и покрај, како што велат, тешката финансиска состојба во која се наоѓало претпријатието.

Во текот на ноември, тимот на ЈП Лајка извршил 111 стерилизации/кастрации на бездомни кучиња, и со оваа бројка бил срушен досегашниот рекорд на претпријатието на успешно изведени операции на месечно ниво.