Македонија Јован Митрески нов претседател на Собранието

Јован Митрески нов претседател на Собранието

Тој денеска беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“ и даде свечена заклетва во Собранието

Фото: Собрание на РСМ

Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај.

Тој денеска беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“ и даде свечена заклетва во Собранието.

Неговиот претходник Талат Џафери ќе биде мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари. Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево треба да му го врачи мандатот на Џафери.

Собранието денеска ги констатира оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на Џафери, а двајцата не го искористија правото да ги образложат оставките.

До недела на полноќ (28 јануари), Македонија треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Џафери. Техничка Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори.