Свет Јордански новинар убиен поради антиисламска карикатура

Јордански новинар убиен поради антиисламска карикатура

Вооружен напаѓач го уби истакнатиот јорданскиот новинар и писател Нахед Хатар пред судот каде новинарот се соочил со обвинение дека објавил карикатура која се смета за навреда на исламот, јави јорданската државна агенција „Петра“.

Очевидци велат дека непознатиот маж отворил оган пред зградата на судот во квартот Абдали, во главниот град Аман.

Педесет и шестгодишниот Хатар е убиен со три куршуми, по што напаѓачот е уапсен, наведува агенцијата.