Спорт Јоноски го повреди скочниот зглоб

Јоноски го повреди скочниот зглоб

Ацо Јоноски заработи незгодна повреда уште во првото полувреме од натпреварот со Хрватска, кога го повреди скочниот зглоб, пренесе „Екипа“.

„Јоноски го доврши мечот против Хрватска, во текот на вечерта му беа ставани ладни облоги, но сепак на неговата нога има оток во пределот на скочниот зглоб. Врз него денеска ќе бидат извршени детални лекарски прегледи, Јоноски најверојатно ќе го пропушти денешниот тренинг, но се надеваме дека ќе биде во можност да настапи на утрешниот дуел против Австрија“, изјави Никола Панчевски, директор на македонската репрезентација.