Македонија Јолевски се сретна со Хојт Ји

Јолевски се сретна со Хојт Ји

Зоран Јолевски, министерот за одбрана, денеска се сретна со Хојт Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија во американскиот Стејт департмент.

Главна тема на разговорот биле евроатлантските интеграции на Македонија.

„Армијата на Македонија е целосно интероперабилна со армиите на земјите-членки на НАТО“, пишува во соопштението од Министерство за одбрана.

На средбата Ји истакнал дека Македонија ја има поддршката на САД за евроатлантските интеграции и изразил благодарност за учеството на македонските војници во мировната мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“. Тој ја поздравил соработката на Армијата на Македонија со Националната гарда на Вермонт.