Македонија Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

Граѓаните на Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија, рече министерот Зоран Јолевски на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Полска, односно на панел-дискусијата „Патот кон Европа“.

– Македонија и земјите од регионот на следниот самит, кој ќе се одржи тука во Полска, треба да бидат поканети за да станат полноправни членки. На тој начин ќе се зацврстат стабилноста и безбедноста во регионот на Југоисточна Европа, што е многу важно имајќи ги предвид новите геополитички предизвици – рече министерот.

На маргините на форумот, министерот Јолевски се сртена и со својот полски колега, министерот за национална одбрана Томаш Шимоњак, а утре ќе се сретне со американската сенаторка Џеан Шахин, која е член и на Комитетите за вооружени сили и за надворешни работи во Сенатот.

Утре, на вториот ден од форумот, министерот Јолевски ќе се сретне и со генералот Џејмс Џонс, поранешен командант на маринскиот корпус и советник за национална безбедност на претседателот на САД, соопштија од Министерстовто за одбрана.