Главна секција Хан на 14 октомври во Скопје, на разговор со лидерите на партиите...

Хан на 14 октомври во Скопје, на разговор со лидерите на партиите и со Катица Јанева

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, идниот петок, на 14 октомври, ќе ја посети Република Македонија, потврди за „Мета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Според најавите, тој во Скопје ќе се сретне со лидерите на најголемите политички партии, со специјалната обвинителка, Катица Јанева, и со граѓанскиот сектор.

Информацијата за посетата на Хан доаѓа по одлуката на владејачкото мнозинство во парламентот да не ги поддржи барањата на специјалната јавна обвинителка за измени на Законот за СЈО, односно продолжување на рокот за истраги, како и за измена на Законот за заштита на сведоци.

Еврокомесарот, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, за време на посетата се очекува да разговара и за опструкциите што му се вршат на СЈО, подготовките за изборите и за распуштањето на Собранието.