Македонија ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници...

ЈО: Обвинение за жител на Демир Капија за ширење омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата

Обвинетиот преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација

Фото: Архива на Мета

Јавното обвинителство утрово соопшти дека, по спроведена претходна постапка, обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднел обвинителен предлог против жител на Демир Капија за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, преку коментари на социјалните мрежи напишани под вест на еден веб-портал во јули 2023 година, поттикнувал омраза спрема ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

Делото, како што соопшти обвинителството, било пријавено од здружение кое ги застапува правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата.