Свет Јемен: Затворени аеродромот и пристаништето во Аден

Јемен: Затворени аеродромот и пристаништето во Аден

Властите во Јемен го затворија вториот најголем аеродром во земјата во градот Аден, во знак на протест што шиитите ја презедоа власта во главниот град Сана.

Шефот на аеродромот во Аден, Тарек Абди, рече дека аеродромот ќе остане затворен на неопределено време, во согласност со наредбите на гувернерот. Кон протестот се приклучија и локалните власти, кои го затворија пристаништето во Аден.

Одлуката следува откако шиитските бунтовници ја презедоа контролата врз претседателската палата и ја гранатираа резиденцијата на претседателот Абед Раби Мансур Хади.