Македонија Јавна расправа во Собранието за измените на законот за пушењето

Јавна расправа во Собранието за измените на законот за пушењето

Од 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија ќе се одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во организација на собраниската комисија за здравство.

Предлог-законот е од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство, кои сметаат дека сегашниот закон е премногу рестриктивен и потребна е дозвола да се пуши во заградените тераси без оглед на климатските услови и сезоната.

Со предлогот повеќе се регулира пушењето во терасите, односно не се предвидува враќање на дозвола за пушење внатре во објектите.