Свет Свет Јацењук победи на изборите во Украина

Јацењук победи на изборите во Украина

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите.

Украинската Централна изборна комисија синоќа ги соопшти конечните резултати, откако ги избори сите гласови. Блок на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, јави ИТАР-ТАСС.

Партијата Самопомош, на градоначалникот Лавов Андреј Садовиј, освои 10,97 отсто од гласовите, Опозицискиот блок освои 9,43 отсто од гласовите, Радикалната партија 7,44 отсто, а Баткившчина (Татковина) на Јулија Тимошенско 5,68 отсто од гласовите.

Претседателот на Централната изборна комисија, Михаил Охендовски, соопшти дека Народен фронт ќе има 64 места во новиот украински парламент, а Блок на Порошенко 63 места. Самопомош би требало да има 32 места, Опозициски блок 27, Радикалната партија 22 и Баткившчина 17 места.