Македонија „Јашар-бег“ и „Хасан Приштина“ се новите имиња на училиштата „Јане Сандански“ и...

„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина“ се новите имиња на училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“

„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина“ се новите имиња на училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“, кои се наоѓаат во скопската општина Чаир.

Градоначалникот Изет Меџити на својот фејсбук-профил попладнево ги објави решенијата за преименување на овие училишта.

„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот, со што се менуваат и имињата на училишта („Јане Сандански“ станува „Јашар-бег“ и „Цветан Димов“ станува „Хасан Приштина“)“, стои на ФБ-профилот на градоначалникот Меџити.