Свет Јапонската влада одобри рекордно голем буџет за одбрана

Јапонската влада одобри рекордно голем буџет за одбрана

Јапонската влада денеска одобри рекордно висок буџет за одбрана, кој вклучува планови за купување скапи американски беспилотни летала за надзор и авиони „ф-35“.

Јапонија ја засили соработката во одбраната со САД, додека Кина сè поагресивно настапува во регионалните води.

Буџетот за војската од 42,1 милијарди долари е дел од државниот буџет во вредност од 800 милијарди долари за фискална година која почнува во април 2016 година.

Предлог-буџетот треба да биде усвоен.