Економија Јапонија е најголем сопственик на американски хартии од вредност

Јапонија е најголем сопственик на американски хартии од вредност

Јапонија ја замени Кина на позицијата најголем сопственик на американски хартии од вредност, соопшти американското Министерство за финансии.

Обемот на американски обврзници во сопственост на Јапонија во февруари е намален на 1,2244 билиони долари, додека нивото на американски обврзници во Кина е намален на 1,2237 билиони долари, јавува кинеската агенција „Синхуа“.

Кина во 2008 година, кога американската влада го зголеми задолжувањето заради финансирање на рекордниот дефицит, стана најголем сопственик на американски хартии од вредност.