Хроника Јанкулоска: Проблемот и притисокот од илегалната миграција се големи

Јанкулоска: Проблемот и притисокот од илегалната миграција се големи

Јанкуловска изјавила дека полицијата прави максимални напори за навремено откривање на илегалните мигранти и обезбедување на ризичните точки

Проблемот со илегалната миграција, поради која доаѓа до трагични последици, е глобален проблем и притисокот што го имаат земјите од ЕУ и земјите кои географски припаѓаат на Европа, вклучително и Македонија, која се наоѓа на надворешната граница на ЕУ, е голем, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во врска со неколкуте несреќи на железничките пруги, во кои загинаа илегални мигранти од Сирија и од Авганистан, пренесува „Пулсинфо“.

– Тоа значи дека десетици, па и стотици илјади мигранти од кризните подрачја настојуваат да стигнат до нивната финална дестинација, до некоја западноевропска земја. МВР со целиот капацитет и ресурси настојува да ги детектира илегалните мигранти. За жал, се соочуваме со навистина голем проблем и со еден енормно зголемен притисок. Во последните неколку години овие трагични последици се резултат на повеќе околности, во однос на кои ние со целиот наш капацитет се обидуваме да дадеме максимален придонес за намалување на бројот на илегални мигранти, во смисла на нивна навремена детекција, но и за обезбедување на сите ризични точки – рече Јанкулоска.