Главна секција Јанкулоска: Подготвени сме за истрага околу случајот со пасошите

Јанкулоска: Подготвени сме за истрага околу случајот со пасошите

Целосно е погрешен обидот да се исценира некаква афера со објавениот видеозапис за фалсификување пасоши. Очигледно е дека пристапот е нестручен и оној што се обидува да ја наметне темата во јавноста, не го познава процесот, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

– Како институција, за сите нивни сознанија или евентуални докази, им стоиме на располагање за целосно да се истражат и да се отфрлат какви било сомнежи ако некој воопшто ги има, но не верувам дека некој може да подлегне на таква приказна. Сепак, како институции, подготвени сме сериозно да ги испитаме – рече Јанкулоска.