Македонија Јанкулоска по три години во затвор, пуштена е на слобода

Јанкулоска по три години во затвор, пуштена е на слобода

Таа го напушти затворот Идризово, каде што отслужуваше затворска казна на четири години за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот мерцедес на Владата

Фото: Архива на МВР

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска е на слобода. Таа го напушти затворот Идризово, каде што отслужуваше затворска казна на четири години за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот мерцедес на Владата.

Таа доби условен отпуст и казната ѝ беше скратена за една година. Пробациска канцеларија ќе го следи условниот отпуст кој ќе трае до 28 септември 2024 година до кога Јанкулоска не треба да стори ново кривично дело. Одлуката за условен отпуст ја донесе Апелацискиот суд Скопје до каде таа се жалеше откако беше одбиена од Основниот кривичен суд.

При донесувањето на одлуката за условен отпуст биле земени предвид повеќе фактори – дека е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, како и нејзиното однесување во затворот.

Јанкулоска почна да ја издржува казната на 28 септември 2020 година.