Македонија Јанкулоска на „Самит за борба против насилниот екстремизам“ во Вашингтон

Јанкулоска на „Самит за борба против насилниот екстремизам“ во Вашингтон

На тридневниот „Самит за борба против насилниот екстремизам“ што ќе се одржи во Стејт департмент, по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, денеска ќе учествува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со претставници од 60 држави како дел од антитерористичката коалиција.

Целта на Самитот е да се развие агенда за дејствување и за соочување со феноменот на насилниот екстремизам, преку поврзување на претставниците на националните и на локалните влади од целиот свет. На Самитот ќе се обратат американскиот претседател Барак Обама, државниот секретар Џон Кери и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Предвидено е обраќање да има и министерката Јанкулоска.