Македонија Јанкулоска на самит против насилниот екстремизам во Вашингтон

Јанкулоска на самит против насилниот екстремизам во Вашингтон

На тридневен самит на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам, кој ќе се одржи во Вашингтон, во Стејт департментот, ќе учествува и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Таа е поканета од американскиот Стејт департмент.

На самитот ќе учествуваат високи претставници од околу 60 држави, како дел oд антитерористичката коалиција.

Јанкулоска ќе има и свое обраќање на тема „Зацврствување на работата на полицијата во заедница и на односот полиција – заедница од аспект на користење на овој концпет на полициско работење за спречување на ширењето на насилниот екстремизам“.