Економија Јакимовска: Нема забавување на активностите на компаниите

Јакимовска: Нема забавување на активностите на компаниите

Потпретседателката на Советот на странски инвеститори и сопственик на компанијата „Комфи ангел“, Ирена Јакимовска, вели дека предизборниот период и најавата за можни избори во април не ги одвраќаат компаниите од планираните активности.

– Нема забавување на производството, извозот и на работните процеси. Како Совет на странски инвеститори, за годинава имаме планирано дополнителни активности, како формирање на Асоцијација на компании од автомобилската индустрија. Во рамките на оваа Асоцијација ќе се разговара за актуелностите во индустријата и за развојните проблеми – додава Јакимовска.