Хроника Ја претепал сопругата на која ѝ бил дилер и макро

Ја претепал сопругата на која ѝ бил дилер и макро

Триесет и тригодишен битолчанец е осомничен дека пред еден месец ја претепал својата сопруга, на која, според полицијата, ѝ наоѓал клиенти на кои таа им нудела сексуални услуги.

Секторот за внатрешни работи Битола, против К.И. (33) поднел пријава со која тој се товари за тешка телесна повреда, посредување во вршење проституција и овозможување употреба на наркотични дроги.

Според полицијата, осомничениот од јануари до јуни оваа година, за надомест од 500 до 1.000 денари, посредувал, односно наоѓал клиенти на кои неговата сопруга им давала сексуални услуги, а ѝ набавувал и дрога.

На 4 јуни, според полицијата, осомничениот ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.