Хроника Ја киднапирал сопствената ќерка

Ја киднапирал сопствената ќерка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.И. (27) од Струмица, за кривично дело одземање малолетник.

Имено, како што информираше полицијата, на 25 ноември годинава, во 08.30 часот, во градинката „Детска радост“ , пријавениот, со употреба на физичка сила, од поранешната сопруга насилно ја одзел нивната двегодишна ќерка, по што ја ставил во неговото патничко возило „бе-ем-ве“ и заминал во непознат правец.

Пријавениот, по завршување на бракоразводната постапка, бил незадоволен од донесеното решение на Центарот за социјални работи со кое ќерката била доделена на чување на мајката. Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавениот.