Економија Извршителите нема да наплаќаат од должниците без претходно да ги известат

Извршителите нема да наплаќаат од должниците без претходно да ги известат

Извршителите нема да можат да повлекуваат пари од сметките на должниците без претходно да ги информираат, предвидуваат измените на Законот за извршување кои стапуваат на сила од 1 јанури 2017 година.

Со новите измени, должникот мора да биде информиран каде и колку должи, па потоа добива рок од три дена да го намири долгот и доколку не го направи тоа, тогаш му се блокира сметката.

Вкупниот изноз на наплата од извршување годинава изнесува повеќе од 76 милиони евра, два милиони евра помалку од лани.