Македонија Извозот во првите седум месеци бележи пораст од 7,4 отсто

Извозот во првите седум месеци бележи пораст од 7,4 отсто

Извозот на стоки од земјава расте побрзо во однос на увозот. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од државата, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесувала 4.197.709 илјади американски долари и бележи пораст од 7,4 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесувала 5.451.801 илјада американски долари, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесувал 1.254.092 илјади американски долари.Покриеноста на увозот со извоз во првите седум месеци од годинава изнесувала 77 отсто.

Во првите седум месеци, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,  најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.