Економија Извозот на храна достигна 66,3 милиони евра во првиот квартал од годинава

Извозот на храна достигна 66,3 милиони евра во првиот квартал од годинава

Извозот на храна во првиот квартал од годинава достигна 66,3 милиони евра и е за 17,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани, објави Народната банка.

Според податоците за трговската размена, за 60 отсто е зголемен извозот на овошје и зеленчук на вкупно 32,2 милиони евра, а за 300 илјади евра е зголемен извозот на жита и преработки од жита.

Во првиот квартал годинава пак месната индустрија извезла месо и месни преработки во вредност од 8,5 милиони евра.