Дописници Извидници од Македонија и од Белгија се дружеа во Извидничкиот центар во...

Извидници од Македонија и од Белгија се дружеа во Извидничкиот центар во Охрид

Извидници од Белгија и од Македонија, изминатава седмица се дружеа во Извидничкиот центар во Охрид, во рамките на младинската размена – „Биди подготвен“ (Wees Paraat).

Во младинската размена учествуваа 13 извидници од Белгија и 18 од Македонија, членови на скопските одреди „Брицо“, „Галеб“, „Илинден“, „Марково Крувче“, „Бони М“, Феникс“ од Прилеп и домаќините од Охрид.

Гостите од Белгија имаа можност и да прошетаат низ Охрид, да ги видат убавините на градот и околината.

– Ова е една од најдобрите младински размени, која се организирала меѓу македонски и белгиски извидници. Се дружевме во Охрид. Собравме многу искуство – беа задоволни младите од  Белгија.

Манифестацијата содржеше свечени извиднички настани, давање извиднички заклетви, дружби покрај логорски оган и традиционална размена на марами.