Македонија Извештајот на СЈО на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Извештајот на СЈО на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 март 2016 г. до 15 септември 2016 г. денеска ќе биде разгледан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека лично ќе го презентира извештајот пред пратениците.

Покрај на комисиска расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за понеделник.