Македонија Изведена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава

Изведена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава

Медицинскиот тим аплаудира по завршувањето на успешната трансплантација на црн дроб. Фото: Министерство за здрвство (Фејсбук)

На Клиниката за дигестивна хирурија, денеска беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, која е прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија попладнево во Министерството за здравство (МЗ) на нивната фан-страница на Фејсбук. Станува збор за шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб, кој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт, чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Покрај црн дроб, како што објави МЗ, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест. Министерот Беким Сали, во име на целиот персонал вклучен во трансплантациите, се заблагодари на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи.

„Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата, кои изминатите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Посебна благодарност до проф. Зоран Караџов и неговиот тим, како и до тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист, не само во делот на дигестивната хирургија, туку и во целокупното здравство“, истакна министерот Сали.