Хроника Изречени 46 казни за превозници на ученици, еден превозувал без лиценца

Изречени 46 казни за превозници на ученици, еден превозувал без лиценца

Фото: МВР

При контрола на превозници кои превезуваат ученици, констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 од Кривичен законик и 46 сообраќајни прекршоци, информираат во Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во периодот од шест часот до десет часот утрово, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. Од казнетите, две казни се за возење без сигурносен појас, четири за возење со брзина поголема од дозволената, а изречена е една мерки за возење без возачка дозвола“, информираат во МВР.

На вознреден технички преглед биле упатени 24 возила.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведено е во соопштението на МВР.