Свет Израелски воздушни напади на појасот Газа

Израелски воздушни напади на појасот Газа

Израелската војска соопшти дека утринава извела воздушни напади на појасот Газа, како одговор на гранатирањето израелски територии.

Во воздушните напади нема жртви, а мета била „терористичката инфраструктура“ на југот на појасот Газа.

Палестински извори соопштија дека нападот е изведен врз кампови за обука на исламски џихадисти во Рафа, Кан Јунес и во Газа.

Палестинците доцна синоќа ја гранатираа Ган Јане, населба во источниот град Ашдода во појасот Газа. Во нападот нема жртви.