Свет Европа Израелски авион принудно слетал поради проблеми со тркалата

Израелски авион принудно слетал поради проблеми со тркалата

Патнички авион на израелската компанија „Ел ал“, со 181 патник и членови на екипажот, набргу по полетувањето морал да се врати на аеродромот во Тел Авив поради проблеми со тркалата.

Набргу по полетувањето за Прага, техничарите на пистата на аеродромот „Бен Гурино“ пронашле парчиња гума од тркалата на авионот, по што е наредено авионот да се врати во Тел Авив за да се направи поправка.

Од „Ел ал“ потврдија дека авионот е вратен во Израел и оти претставниците на компанијата ќе се погрижат за патниците.

Принудното слетување минало без инцидент, а на пистата авионот го пречекале пожарникари и итна помош, иако немало потреба од нивна интервенција.