Свет Израелската војска изврши напади во Појасот Газа

Израелската војска изврши напади во Појасот Газа

Израелската војска утринава нападнала цели на југот на Појасот Газа од воздух и со артилериски оган, јавуваат израелските медиуми.

Тоа е четврти напад од воздух од средата, кога директен судар меѓу Хамас, кој владее со Газа, и израелските сили, изби првпат од 50-дневната војна во 2014 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска свика итен состанок на безбедносниот кабинет за да се дискутира за ескалацијата на насилствата.

Една 54-годишна Палестинка загинала, а уште тројца се повредени во вчерашните израелски воздушни напади.