Свет Израел ја затвори границата кон Египет поради страв од напади

Израел ја затвори границата кон Египет поради страв од напади

Израелските власти денеска одлучија да им забранат на Израелците да одат во Египет преку преминот Таба поради можни напади.

Израелците нема да можат да влегуваат на Синајскиот Полуостров, но ќе им биде дозволено преку овој премин да се вратат во Израел, јавуваат израелските медиуми.

Од граѓаните кои се на Синај е побарано да се вратат.

На странските државјани и понатаму им е дозволено да ја преминуваат границата.

Одлуката за затворање на граничниот премин за Израелците е донесена поради конкретните информации за планирани напади на израелски мети во подрачјето на Синај.

Јужниот граничен премин кај градот Ејлат е израелска капија кон Синајскиот Полуостров.