Свет Израел го бомбардираше појасот Газа

Израел го бомбардираше појасот Газа

Израелските воздухопловни сили бомбардираа „терористичка инфраструктура“ во појасот Газа откако рано утринава една ракета беше истрелана на Израел од палестинска територија, соопшти армијата.

Ниедна организација во Газа не ја презеде одговорноста за рекетирањето.

Воениот портпарол на Израел смета дека Хамас е одговорна за тој инцидент.

Се верува дека за ракетите можеби се одговорни радикални исламистички организации и дека рекетирањето на Израел е последница на противењето од Хамас.

Израелската воена армија (ИДФ) го смета инцидентот за сериозен и оттаму велат дека нема да толерираат ни еден обид да се повредат изреалски цивили.