Македонија Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на владина...

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на владина седница

Во 12 часот Владата ќе ја одржи својата редовна 55-та седница на која ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде и Предлог законот за бесплатна правна помош.

Владата ќе ја разгледа и информацијата за реализација на Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2014-2020 година.

На денешната седница ќе бидат разгледани финансискиот план на Централниот регистар за 2018 година, Годишната инвестициска програма во 2018 година и програмата за инвестиции за периодот 2019-2022 година на АД МЕПСО.

Министерството за внатрешни работи на денешната седница ќе ја презентира информацијата за спроведување на мерките за ограничување и забрана на сообраќајот во услови на надминување на прагот на алармирање и зајакнување на контролата на издувните гасови од возилата при нивна регистрација во техничките станици.