Македонија Измама во Ресен: Со тврдење дека банкнотите од евра и долари се...

Измама во Ресен: Со тврдење дека банкнотите од евра и долари се стари, украдени 2,6 милиони денари

Пријавеното лице ѝ рекло на оштетената дека месечно ќе ѝ исплати дел од парите што требало да се променат

Photo by Markus Spiske on Unsplash

Измама со кражба од над 2,6 милиони денари пријавила 64-годишна жена од Ресен. Женско лице ѝ кажало дека треба да ги смени еврата и австралиските долари што ги имала, бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Пријавеното лице ѝ рекло на оштетената дека месечно ќе ѝ исплати дел од парите што требало да се променат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 21.08.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Ресен, М.М.(64) од Ресен пријавила дека била измамена од женско лице за сума од 2.622.200,00 денари. Според пријавеното, пред околу една година, пријавената и рекла на М.М. дека треба да ги смени еврата и австралиските долари бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Како што е пријавено, М.М. и дала 21.900 евра и 17.900 австралиски долари, а таа и ветила дека месечно ќе и исплаќа дел од парите“, се наведува во билтенот на МВР.

Како што информираат од МВР, 64-годишната жена пријавила дека пред околу еден месец пријавената повторно и се јавила и ѝ кажала дека треба да ги размени и швајцарските франци, а откако и ги дала парите таа ѝ кажала дека ќе ѝ ги размени за неколку дена, бидејќи моментално немала доволно кај неа. МВР презема мерки за расчистување на случајот.