Дописници Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

Во рамки на одбележувањето на националниот празник „11 Октомври“, во Прилеп е отворена изложба на слики од уметникот Мирослав Масин.

Според информациите од Центарот за култура „Марко Цепенков“, уметникот првпат го претставува своето творештво во Прилеп. Досега уметникот Мирослав Масин во богатата уметничка кариера остварил преку 50 самостојни изложби во земјава, во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија, во Велика Британија, во Германија, Бугарија и во Франција.