Македонија Излезноста на изборите до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста на изборите до 13 часот е 26,3 отсто

Вкупно 417,170 граѓани досега гласале на првиот круг на претседателските избори, што е 6 отсто повеќе во споредба со изборите во 2019 година, изјави ДИК

Прв круг на претседателски избори 2024, ОУ „Киро Глигоров“. Фото: Мета.мк

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и повисока, имајќи предвид ДИК сè уште ги нема пребројано сите гласови.

Правото на глас го оствариле 6 отсто повеќе граѓани во споредба со изборите во 2019, рече на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезност има во Новаци, каде 42,87 отсто од граѓаните гласале. Најмала излезност има во Врапчиште – само 10,18 отсто.

ДИК досега добил 140 приговори, од кои 16 се усвоени и на избирачите им се дозволило да гласаат. Отфрлени се 8 приговори, а 9 се одбиени. Останатите приговори се обработуваат.