Економија Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би било закана по глобалниот економски...

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би било закана по глобалниот економски раст

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија би претставувало ризик по глобалниот економски раст, се наведува во декларацијата усвоена на Самитот на лидерите на земјите од Групата 7 (Г7) во Токиот, иако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не се дискутирало на оваа тема.

-Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би направило пресвртница во трендовите за јакнење на глобалната трговија и инвестиции, како и работните места кои тие ги креираат што би претставувало сериозен ризик по економскиот раст – се наведува во декларацијата.

Британската влада порано предупреди на сериозни трошоци во случај на евентуално излегување од ЕУ.

Меркел изјавила дека лидерите не дискутирале за „брексит“, но дека постои консензус дека сите сакаат Лондон да остане во ЕУ.