Македонија Изградбата на новиот Клинички центар ќе трае седум години, ќе чини 500...

Изградбата на новиот Клинички центар ќе трае седум години, ќе чини 500 милиони евра

bty

Новиот клинички центар ќе биде целосно готов за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари кои ќе ги обезбедиме преку банките ,,Ерсте груп”, ,,Рајфајзен банк” и ,,Уникредит банка”, информира министерот за здравство Венко Филипче. Изградбата најави дека ќе започне на почетокот на идната година.

– Првата фаза ќе биде готова за 3,5 години кога би се префрлиле некои оддели. Најпрво ќе функционираат хируршките клиники, операционите сали и ургентниот центар. Потоа ќе се префрлат клиниките за гинекологија, за педијатрија, па онкологија. Инфраструктурата ќе се плати со пари од буџетот. Ова е најважен капитален објект од значење за целата држава. Ќе има модерен начин на давање здравствена услуга, како што функционираат модерните држави. Се’ ќе има во една зграда, се’ ќе биде на едно место – рече Филипче.

Тој потенцира дека новиот клинички центар ќе треба да ги опслужува граѓаните во следните 70-80 години.

– Ќе работиме интензивно. Проектот е многу комплексен, треба да се направи патната инфраструктура. Некои од активностите врзани со изградбата ќе започнат оваа есен – додаде тој.